Шилегов: Како ќе одлучи БЕСА, така ќе биде прифатено од СДСМ


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска не сакаша да ги коментира случувањата во Беса посочувајќи дека тоа е внатрешно прашање на партијата.

– Секоја политичка партија во својот развој има определени стадиуми, начини како се развива. Ќе оставиме оваа политичка партија, тие луѓе сами да ги донесат своите заклучоци, како ќе се одлучи така ќе биде прифатено од страна на СДСМ, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Според Шилегов, во моментов има, како што кажа, уште поголем развој во ВМРО-ДПМНЕ од она што е во Беса.

– Тоа се политчки процеси кои се внатрешно прашање на секоја политичка партија, рече градоначалникот Шилегов, кој е член на владејачката СДСМ.