Шилегов: Борбата со загадувањето не е риалити шоу


Постапката за чиста животна средина и за чист воздух не е постапка со филмска брзина, ниту, пак, настап во риалити шоу. Тоа е комплексна работа на која сите треба да се посветат, а и да се откажат од едни навики, доколку се сака да се има здрава животна средина.

Ова денеска го истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање за загадениот воздух во Скопје.

Една од мерките што се преземени, рече Шилегов, е затворање на печката на Дрисла, како и неколку изречени казни од страна на инспекторите кои се на терен и вршат надзор. Но, тој најави и нова мерки која утре ќе ја презентира на прес-конференција.

Во однос на труењето на кучињата во градот, скопскиот градоначалник рече дека животните не се непријатели на луѓето и дека неодговорното однесување на поединци за фрлање на материи опасни по здравјето, е несовесен и нецивилициран чекор. Тој апелираше граѓаните да споделат информации за фрлен отров.