Шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје прв честита за потпишаниот Протокол


Ви честитам што ставивте крај на еден процес со овој Протокол за пристапување кон НАТО. Сега очекуваме овој процес на реализација на Протоколот да протече беспрекорно, а Канцеларијата на НАТО е тука за да ве советува, да ве поддржува се до крајниот момент, кога ќе станете членка на Алијансата, што ќе биде еден малку подолг интегративен процес, ијзави шефот на канецларијата на НАТО во макеоднија Зоран јанковиќ, веднаш по потпишувањето на Протоколот за приемот на Макеоднија во Нато, во Брисел.

Јанковиќ,кој заедно со заменик-министерот за надворешни рабопти Андреј жерновски, церемонијата во брисел ја следеше во Медија центарот на Владата, додаде дека пред Македонија остануваа уште работа.

-Тука, секако, останува Програмата за реформи што треба да ја следите. Очекуваме вашата земја да ја стане полноправна членка на НАТО. Како што кажа и генралниот секретар вие ќе биде поканети да учествувате на сите состаноци на Алијансата. Уште еднаш би сакал да ви честитам за ова потпишување на Протоколот, изјави Јанковиќ.