Шест технолошки предвидувања за 2018: Од роботи до нови апликации


Многу научници сметаат дека 2017 година беша „мрачна“ за технолошката индустрија и дека ја одбележаа предвидливо надградување и шпекулативни падови.

Сега се предвидува дека 2018 година ќе донесе нови возбудувања кога е во прашање технологијата и во продолжение Ви пренесуваме некои од нив.

Зголемена реалност во вашиот џеб

Виртуелната и проширената реалност веќе добија свое место во индустријата на видео игри и тој тренд би требало да продолжи и во 2018 година.

Воведувањето на современ однос меѓу корисниците и технолошките уреди подразбира и воведување 3Д проекции и препознавање на движења, што ќе овозможи што подобро прифаќање и користење на оваа технологија, но ќе го покрене и прашањето за приватност и кибер безбедност за што исто така мора да се води сметка.

Асистирање при паркирање

Автономните возила веќе не претставуваат новост, но тешко е да се претпостави дека во блиска иднина ќе среќаваме такви возила на нашите патишта. Големиот број пречки, како сигурносни, така и регулаторни, го ограничуваат натамошниот развој на тој вид превоз.

Експертите сметаат дека производителите на автомобили повеќе ќе се фокусираат на „помошен транспорт“, што би вклучувало помош при паркирање, препознавање на пречки и предупредување на непознати предмети пред возилата, додека автономните автомобили ќе мора уште малку да почекаат.

Роботи во медицината

Иако роботите се присутни во индустријата веќе со години, тие се уште не нашле своја широка примена. Меѓутоа, во последните неколку години зголемена е побарувачката на домашни роботи, како и нивните софистицирани верзии произведени за потребите на војската и индустријата.

Во 2018 година би можело да дојде до поголема употреба на овие роботи во медицината, медицинската нега и другите медицински гранки.

Предвидување на хакерски напади

Кога се зборува за технологијата невозможно е да не се споменат кибер безбедноста и вештачката интелигенција, но овој пат во контекст на заедничката борба против кибер криминалот.

Хакерските напади стануваат се пософистицирани и на луѓето едноставно им е потребна помош за да се одбранат од нив.

Се очекува луѓето и натаму да го водат главниот збор во оваа сфера, бидејќи вештачката интелигенција не е имуна на хакерските напади, но таа сепак би можела да помогне во предвидувањата каде ќе се извршат тие напади и како да се заштитиме од нив.

Развој на виртуелни валути

Виртуелните валути, пред се биткоинот и лајткоинот се веќе добро познати, а експертите веруваат дека во 2018 година тие би можеле да влезат во редовна употреба.

Освен што внесуваат новости на финансиските пазари, технологиите што се развиваат во позадината на виртуелните валути би можеле да го поттикнат натамошниот развој на кибер безбедноста и складирањето податоци.

Апликации кои предвидуваат што посакуваме

Се предвидува дека ќе се појават апликации кои ќе можат да предвидуваат што ќе посакаме, а комуникацијата меѓу корисниците и уредите се повеќе ќе наликува како разговор меѓу две личности.

На пример, мобилните телефони ќе прават се подобри фотографии бидејќи самите ќе може да предвидуваат што и како сакаме да сликаме, а значително ќе се подобри и уредувањето на видеата па ќе можеме се повеќе да снимаме подвижни слики наместо статични фотографии.