Шекеринска со осуда за насилните протести пред Собранието


Вицепремиерката Радмила Шекеринска вечерва „жестоко” ги осуди насилните протести што се сллучија вечерва пред Собранието на Македонија.

– Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците”, изјави Шеќеринска за 1ТВ.