Шекеринска: Денес ќе ја исправиме грешката од 2008 година


“Денеска е историски ден за Македонија, ден во кој можеме да го поправиме она што го испуштивме во 2008 година. Мислам дека дури и на денешните дискусии на министерско ниво за надворешни работи и одбрана и на премиерско ниво, стана јасно дека една од недвосмислено најпозитивните одлуки на овој самит ќе биде поканата што ќе ја добие Македонија”, рече министерката Радмила Шекеринска на конференција организирана во рамките на самитот на НАТО.

“Денеска сите ја искористија можноста да и честитаат на Македонија за огромниот пробив и целиот аудиториум не’награди со аплауз зашто се свесни дека ова е историски ден за Македонија, но важен е и за НАТО. Се покажа дека шансата за членство функционира, дека отворената врата е навистина отворена и дека ако знаете што саката и треба да направите, може да успеете “, рече министерката за одбрана. Таа потсети колку многу испуштената шанса во 2008 година ја чинеше државата и граѓаните и дека таа грешка ќе биде поправена денес. Министерката беше уверена  дека референдумот во Македонија ќе биде успешен.