Чичаковски поднесе оставка


Претседателот на Државната изборна комисијата (ДИК) Александар Чичаковски денеска за МИА изјавил дека поднел барање за престанок на функцијата.

Оставката, изјавил Чичаковски, е негов личен чин.

Чичаковски оставката ја поднесе откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК зеле високи надоместоци за последните неколку изборни циклуси и интернет петицијата за оставка на членовите на Комисијата.

Мандатот на овој состав на комисијата истекува во 2020 година. Чичаковски е прв човек на ДИК од редот на експертите од 2015 година по постигнувањето на Пржинскиот договор.