Ципрас: Спротивно на ретроградните струи, го потпишавме историскиот Договор од Преспа
Говорејќи за предизвиците за Грција за следната година, се осврна и на меѓународната клима во која се во тек напорите за закрепнување на земјата.
Рече дека традиционалните односи меѓу земјите поминуваат криза и се ставени под сомнеж, се зајакнуваат националистичките гласови кои во одредени земји доаѓаат и на власт.
– Нашата земја, ова вреди да се истакне, контра на оваа, дозволете ми да ја споменам како ретроградна струја на оваа ера, во изминатиот период, во јуни годинава направи историски договор со соседната северна земја, со поранешната југословенска Република Македонија за едно прашање што беше нерешено во изминатите 35 години, уште еднаш давајќи пример како сила на мир, соработка, разбирање и стабилност во нашиот регион, рече Ципрас.