Ципрас и Каменос ќе ја чекаат разврската во Македонија, па потоа ќе се сретнат
Како што јави дописничката на МИА од Атина, иако средбата беше неофицијално најавувана за денеска, а и самиот премиер на Грција ја спомена тоа во неговот завчерашно интервју, таа сепак е одложена.
– Додека не се отстрани блокадата што постои во ПЈРМ решивме да ја одложиме средбата со премиерот, изјави Каменос, кој е лидер на Независни Грци, пред почетокот на состанокот на пратеничката група на неговата партија.
Тој додаде дека „сите работи се меѓусебно поврзани“ и дека е во отворена комуникација со Ципрас, нагласувајќи дека „не може да се одржи средба врз основа на сценарија“.
Како што претходно објави МИА, Каменос утрово изјави дека ниту е министер во заминување.