Цветков и Делев во Шутка, ќуќен притвор за Спасеновски, Димовски се брани со имунитет


Триесетдневен притвор попладнево добија поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и заменик министерот Кристијан Делев,  додека на поранешниот министер Ацо Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор. Одлуката за поранешниот министер Љупчо Димовски, кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет, ќе биде дополнително донесена, соопшти попладнево Кривичниот суд.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за четири лица, судија на претходна постапка при Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвор во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвор, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Оттаму посочуваат дека на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет тој ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во Судот, откако ќе се создадат услови за тоа.