Хојт Ји вели дека нема да биде амбасадор на САД во Македонија?


Многу сум горд што сум заменик помошник државен секретар на САД и задоволен сум од својата работа. Драго ми е што можам да речам дека се уште ќе бидам тука, одговори Хојт Ји во ексклузивното интервју за телевизијата Н1 на прашањето дали ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија.

Тој додава дека американските интереси во регионот се насочени кон помагање на земјите од регионот да се приближат до нивните цели, а тоа се просперитетот, демократијата, стабилноста и иднината.