Холандија и Франција нѐ поддржаа во НАТО


Учесниците на самитот на НАТО во Брисел ја донесоа едногласно одлуката Македонија да биде поканета да ги почне пристапните преговори со Алијансата, за разлика од самитот во Букурешт во 2008 година кога противењето на Грција го блокираше нашиот прием.

Според тоа, поканата за нашата земја ја одобриле и Франција и Холандија, кои, пред неколку седмица, имаа најголеми резерви околу определувањето датум за почеток на преговорите на Македонија и на Албанија со ЕУ.

На една од фотографиите  во рамки на самитот во Брисел може да се видат заедно францускиот претседател Емануел Макрон и  холандскиот премиер Марк Руте.

Македонија, откако ќе ги заврши внатрешните процедури, пред сѐ околу спроведувањето на договорот со Грција, ќе стане 30. членка на НАТО, по Црна Гора, која влезе официјално во Алијансата минатата година.