Хаос на Стража, се вози 20 на час


Отежнат сообраќајот на Стража. Врнежите од снег предизвикаа проблеми за возачите. Возилата се движат со брзина од дваесетина километри на час. Иако има чистачи, некако како џабе да чистат, подмрзнато е.

Авто мото сојузот (АМСМ) соопшти дека има забрани за движење на тешки товарни возила.

„На патниот правец Гостивар – планински премин Стража – Кичево и обратно, поради обилни врнежи од снег и негово задржување на коловозот, од 17:15 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.