Хан: Имате рандеву со историјата


Престојниот референдум е ваше рандеву со историјата, оцени еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во своето обраќање пред Националниот совет за евроинтеграции во парламентот.

Хан ги повика сите политички и општествени фактори да учествуваат на референдумот, бидејќи, како што рече, секој глас е важен.

Седницата на Националниот совет почна со повеќе од половина час задоцнување, а Хан претходно имаше средби со спикерот Талат Џафери и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

А.М.М.