Функционерските плати во Косово двојно повисоки од Македонија


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој двојно си ја зголеми платата пред новогодишните празници, донел одлука за зголемување на платата за 25 отсто и на шефот на државата Хашим Тачи.

Тачи од овој месец ќе зема месечна плата од 3.635 евра, наместо од 2.906 евра, колку што имаше досега. Со покачувањето, платите на највисоките функционери во Косово сега се двојно или тројно повисоки од тие во Македонија, каде што примањата на тројката од државниот врв (претседателот, премиерот и претседателот на Собранието) изнесува околу 1,5 илјади евра.

-Врз основа на законот за Претседател, Тачи не може да има пониска плата од претседателот на Парламентот, Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај, пишува весникот „Фјала“.

Со законот е предвидено „платата на претседателот на државата секогаш треба да биде најмалку 25 отсто повисока од вкупните примања на претседателот на Парламентот на Косово и раководители на другите институции“.

Според весникот, Весели примал плата од 2.325 евра, која е повисока за 581,25 евра и изнесува околу 2.906 евра.

Премерската плата сега изнесува 2.950 евра, на вицепремиерите 2.500, а на министрите по 2.000 евра.

Оваа одлука како незаконска ја оценија граѓанските организаци, но и опозициските политички партии.