ФРОДЕМ: Со признавање на вината, Томислав Лазаров ги врати моралните вредности


Фронтот за Демократска Македонија – ФРОДЕМ ја поздрави одлуката на Томислав Лазаров да признае вина за случајот „Насилство во Центар“. Оттаму сметаат дека достоинствен политичар и човек кој има морал може јавно да ја признае направената грешка дури и по цена на драконска казна.

„Без разлика што партиските подлизурковци и амали на туѓиот срам од најблиското опкружување на Груевски се обидуваат (по налог) овој човек да го етикетираат како „предавник”, македонската поширока јавност ќе го запамети како репрезент на една голема гарнитура на вмровски чесни и доблесни политичари. Вистински вмровец и македонски патриот е човек кој е храбар и искрен и во добро и во зло и кога носи исправни одлуки и кога признава дека згрешил. Томислав ќе остане запаметен како човек кој заборавениот збор „срам” го стави на пиедесталот и ги отвори вратите за негова секојдневната практика. Како вистински вмровец покажа дека помина времето на оние кои на моралните норми гледаат како на безвреден и вишок елемент, дека помина времето кога лагите и не само на лагите туку и на навредите, клеветите, манипулациите и невидените гадости беа секојдневна етика и доминантен начин на однесување“, се вели во нивното соопштение.

Според нив, Груевски и целата партиската врхушка продолжувааат и понатаму со евтините и бедни лаги и манипулации да ја навредуваат интелегенцијата на чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните на оваа наша држава.

„За разлика од Груевски кој секогаш за секое сторено зло и криминал се крие зад членството и поединци, советникот Лазаров покажа како се обелува сопствениот, но и образот на останатите чесните членови на партијата. Ги повикуваме сите свесно и несвесно вовлечени партиски членови во криминалниот лавиринт да го следат примерот на Лазаров и да престанат да ги бранат криминалците во сопствените редови и да се охрабрат и да го свртат грбот на криминалот и злото. Не е херој и патриот оној кој се жртвува за спас на кожата на излитениот и извалкан по сите основи лидер на партијата. Таквите наводни ,,саможртви” и верни слугувачи секогаш завршуваат на буништето на историјата и како жртви во низата бескурпулозно свесно жртвувани сопартијци токму од оној кој го штитат и се обидуваат да ја покријат и релативизираат неговата одговорност и вина“, стои во соопштението.