ФРОДЕМ и Иницијаторите за реформи на ВМРО-ДПМНЕ се обединија


Фронтот за демократска Македонија (ФРОДЕМ) и Иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ се обединија, во едно тело.

За претседател на заедничко тело е избран Љупчо Алексовски од ФРОДЕМ..

Тој рече дека стојат зад барањата на „реформаторите“, а тоа се нов статус, избор на демократски лидер и органи на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на вонредниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што треба да се случи на 23 декември, рекоа дека на 17 декември ќе ја информираат јавноста како ќе делуваат.