(ФОТО) Фатиме Фетаи со „Специјална“ тетоважа


Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи со секое свое појавување во јавноста знае да шармира со стилот и елеганцијата.

Но последната промена во нејзиниот имиџ е новата тетоважа. Како што пишуваат албанските медиуми во земјава, за изгледот на специјалната јавна обвинителка се грижи познатата албанска шминкерка Фиторе Бериша.

Токму таа на социјалните мрежи објави слика на која јасно се гледа Фатиме Фетаи заедно со својата нова тетоважа, но и одличниот изглед.