(Фото) Средношколци изработија и подарија креативни елки


Во пресрет на новогодишните празници, учениците на СГГУГС ,,Здравко Цветковски’’- Скопје, изработија „креативна елка“. Со фантазија, дарба и одговорен однос кон животната средина, тие, десетина дена изработуваа елки од пластика, хартија и дрво, а нивните креации станаа дел од новогодишниот декор на училиштето.

Откако комисиски беа прогласени најдобрите креации, учениците од ова училиште одлучија своите творби да ги подарат во неколку соседни основни училишта, во училиштата за деца со нетипичен развој и во дом за стари лица.

Со скромен дар и многу љубов учениците од СГГУГС „Здравко Цветковски“- Скопје, на овој начин се обидоа да им го разубават просторот на неколкуте институции и да им посакаат убава и среќна 2019 година.