(ФОТО) Снегот трупа, граѓаните се жалат дека никој не ги чисти патиштата


Снегот што од утринава паѓа, претежно во северните и западните делови на земјава, веќе почна да создава проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот, а граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека нема кој да ги исчисти патиштата.

Под објавената фотографија на Фејсбук, еден граѓанин со потсмешлив тон напиша: „Македонија пат – другпат. Внимателно на превојот Барбадос, М. Брод – Прилеп. Властите рекоа само да се стопли времето и ќе се стопи снегот.“

Од ЈП „Македонија пат“ известуваат дека поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража, се воведува задолжителна употреба на зимска опрема за сите сите моторни возила.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на денот и во Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.