(ФОТО) Се собираат демонстрантите, почнува протестот пред Собрание


Пред Собранието во центарот на Скопје полека се собираат граѓаните кои преку протест искажуваат дека се против промената на името и против тоа да се менува уставот со цел имплементација на Договорот од Преспа.

Подоцна во текот на денот се очекува на протестирачите да им се придружи и раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Се очекува пред насобраните луѓе обраќање да има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но во својство на граѓанин.

Засега, непрооден е само булеварот пред Собранието додека по другите улици во центарот на Скопје сообраќајот се одвива нормално.