(ФОТО) Повреденото куче оперирано и закрепнува


Кучето кое беше повредено со секира во главата од непознат сторител во Охрид беше оперирано и сега закрепнува.

– Операцијата добро помина, раната беше многу длабока до пршлени, спојувано е дел по дел и на крај кожата, има преку 60 конци, мораше да се фиксира вратот со гипс за да не ги кине конците. Сместување e најдено, сега ќе го носиме – порача по завршување на операцијата на повреденото куче со секира во Охрид, ветеринарниот доктор, Владимир Божинов од „Вет Спирит“, од Охрид.

Климент Арнаудов, кој го спаси и однесе кучето на ветеринар, упати апел за донација:

,,Стискајте палци за да истрае милово, а штом се опорави да му најдеме најпрекрасно домче. Воедно, пријавата за откривање на монструмот е поднесена, и ќе притискаме да се оди до крај и до казна затвор (тоа го налага и Кривичен законик), за поука и за другите да биде за да не посегнат по вакви монструозни методи со кои ништо ама баш ништо не се решава, но само си навлекуваат гревови огромни“-напиша на својот ФБ профил, Арнаудов.

Тој замолува за донација за покривање на трошокот за операцијата, како и за собирање фонд на средства за наградата од 200 евра за оној што би посведочил за откривање на сторителот на ова монструозно дело.

Сметката е:
270700019684062
Халк банка
назнака: донација за кученцето