(ФОТО) НАТО се подготвува за самитот


НАТО се подготвува за утрешниот Самит во Брисел, кадешто Македонија се очекува да добие покана за членство во алијансата.

Подготовките за почнување на Самитот се целосно завршени за утрешниот ден.

Во Брисел утре во придружба на премиерот Зоран Заев ќе биде речиси истиот состав како и за неодамнешниот состанок на Европскиот совет и за потпишувањето на договорот со Грција во Преспа: министерката за одбрана Радмила Шекеринска, шефот на дипломатијата Никола Димитров, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи… Нивниот главен аргумент на ова патување во Брисел е постигнатиот договор за името со Грција, кој, инаку, беше ратификуван во македонскиот парламент, ама во два наврати не го помина „тестот“ кај претседателот Иванов, така што не е објавен сè уште во „Службен весник“.

„В среда попладне, во првиот дел од дводневниот самит на НАТО, Македонија ќе ја добие поканата за зачленување во алијансата“, рече вчера на брифинг со новинарите националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.