(ФОТО) Мама Нада го бодри Никола додека ја брани докторската


Поранешниот премиер Никола Груевски денеска заедно со своите две ќеркички пристигна на Економскиот факултет кадешто ќе ја брани докторската дисертација. Груевски пристигна пет минути пред закажаниот термин. Докторската дисертација чија тема е „Економски ефекти на различни видови меѓународни текови со посебен осврт за Македонија“ ќе ја брани јавно.

Освен присутни членови од неговото потесно семејство, меѓу кои и неговата мајка Нада, присутни се новинари, професори од комисијата и неговиот ментор Михаил Петковски. Неговата сопруга Боркица Груевска не е присутна.