(ФОТО) Македонците се враќаат од Грција: Километарска колона за влез во Македонија


Лошото време кај нашиот јужен сосед изгледа ги натера Македонците да го скратат одморот, па така денеска е забележена зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Евзони“ за влез во Македонија. Граѓаните јавуваат дека колоната возила на овој граничен премин е долга над еден километар.

Инаку, денеска на плажите на Халкидики е забележан и македонскиот премиер, кој изгледа го искористи викендот да се одмори од секојдневните обврски.