(ФОТО) Заеднички ручек на владејачки пратеници од Македонија и Грција


Попладнево на ручек во Нивици (Псарадес) се собраа пратеници од СДСМ, ДУИ и грчката владејачка Сириза да го одбележат потпишувањето на Договорот за надминување на спорот за името.

Откако премиериет на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас заминаа на ручек во Отешево, владејачките пратеници се собраа во ресторан во Нивици. Таму останаа и новинарските екипи кои го следеа потпишувањето на Договорот.

 

фото: Независен весник