(ФОТО) Заев со подарок за Ципрас, му ја даде црвената вратоврска


По потпишувањето на Договорот за решение на 27-годишнио спор меѓу Македонија и Грција, премиерот Зоран Заев на својто грчки колега му даде подарок.

Заев ја одврза својата црвена вратоврска и му ја подари на премиерот на Грција Алексис Ципрас.

По потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, делегациите тргнаа од местото Псарадес (Нивици) кон Отешево. Македонските и грчката страна, предводена од премиерите Заев и Ципрас, како и високите претставници на Европската унија и од Обединетите нации: Федерика Могерини, Јоханес Хан, Метју Нимиц и Розмари ди Карло со глисери отпатуваа на нашата страна од Преспанското езеро.

По заедничкиот ручек, предвидена е билатерална средба меѓу Заев и Ципрас.