(ФОТО) Груевски шета во Будимпешта со Александар Трајковски?


Денеска на социјалните мрежи кружи фотографија на која се гледа поранешниот премиер Никола Груевски како се шета низ унгарскиот главен град.

На фотографијата со Груевски стои човек што многу личи на Александар Трајковски, член на ВМРО-ДПМНЕ,еден од обвинетите за случајот „Насилството во општина Центар“.

Засега нема информации кога е направена фотографијата на поранешниот премиер Груевски.

Груевски избега од Македонија пред точно еден месец и експресно доби азил во Унгарија. МВР се уште нема објаснето како експремиерот осуден на двегодишна казна затвор ја напуштил земјава.