(ФОТО) Говорот на Трамп го остави македонското знаме да чека


Подолгиот говор на пресконференцијата на претседалот на САД, Доналд Трамп на самитот на НАТО во Брисел ја одолговлечи церемонијата со формалната покана на Македонија во НАТО.

Македонското знаме остана да чека во еден од ходниците во објектот на НАТО во Брисел. Македонското ќе биде 30-тото знаме на јарболите пред седиштето на НАТО.

Предвидено е на денешната церемонија генералниот секретар Јенс Столтенберг на премиерот Зоран Заев ќе му го даде писмото со поканата, претходно потпишана од него.

Церемонијата ќе се случи по состанокот со партнерите во мисијата во Авганистан, меѓу кои е и Македонија.

 

Слободанка Јовановска

наш специјален известувач