(ФОТО) Една жртва во пожарот на улицата „Јордан Мијалков“


Поголем пожар избувна во деловен објект во близина на Рамстор центарот во Скопје, на улицата „Јордан Мијалков“.Од Територијалната противпожарна бригада на Скопје изјавија дека веќе половна час се гаси пожарот и дека интервенираат со осум возила. На самото место е присутна и Итна помош.

Според информациите едно лице почина. Починатото лице се претпоставува дека е маж кој во моментот кога избил пожарот се наоѓал внатре во продавницата, но и покрај обидите на пожарникарите не успеаја да го извлечат.

Фото: Борис Грдановски