(ФОТО/ВИДЕО) Протест во Тимјаник: „Овде има градинка и што ќе видат нашите деца кога ќе излезат надвор“


Жителите на Тимјаник собрани сретсело ги пречекаа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и претставниците на УНДП и УНИЦЕФ, кои денеска дојдоа во селото да им објаснат зошто овде би се сместиле деца со попреченост од Заводот во Демир Капија.

– Дали овде има услови да живеат деца? Тука трактор не се гаси, бучава е цел ден. Овде има градинка и што ќе видат нашите деца кога ќе излезат надвор. Таа глетка ќе биде стресна за нив – вели еден од жителите кои протестираат против отворање мал групен дом и во него да се префрлат деца со попреченост од Специјалниот завод Демир Капија.

И друг жител на селото кој е против изградбата на домот вели дека имал можност да работи со деца со попреченост и отсечно вели дека таков дом не смее да се направи тука.

– Јас сум имав можност да работам со деца со попреченост. Тие деца се соблекуваат голи, секоја вечер им се даваат апчиња за да се смират, тие се нездрави – вели отсечно тој.

Средбата во Тимјаник почнува сега, а екипата на Независен весник ќе остане таму и ќе известува.

(С.С.З.)