(ФОТО/ВИДЕО) Масовен протест против нехуманиот третман на бездомните животни


Под мотото „Сонувам за хумано утре“ повеќе здруженија за заштита на животните денеска напладне во Скопје се собраа на протестен марш, со цел да упатат барања да започне примената на хумани методи за бездомните животни и да се најде трајно решение на проблемот со обезбедување дом за секое животно.

Протестниот марш започна пред Собрание, па продолжи да се движи кон Владата и Градот Скопје. Според здруженијата, постои институционална краткогледост и осуда на „Залови-стерилизирај-врати“, програма која велат дека никогаш не била спроведена квалитетно и во целост.

Од здруженијата посочуваат дека бездомните животни во Македонија би се ставиле под контрола во период од само неколку години, но исклучиво ако во секој град/општина стационарите се под раководство на активисти за заштита на животни, со задржано финансирање од градот/општината. Исто така контрола би имало ако се комплетира Регистарот на сопственици на миленици и Правилникот за одгледувачници.