Финансиската полиција поднесе пет кривични пријави


Управата за финансиска полиција до надлежните јавни обвинителства ги поднесе следните кривични пријави:

1.Лицата С.Ј. во својство на сопственик и управител на правното лице ЈУРУКОСКИ СЕКО ДООЕЛ Скопје, М.М. сопственик и управител на правното лице АСПИЛАКОПА ДООЕЛ Скопје, Е.М. сопственик и управител на правното лице ЕСКАРИБУР ГОЛД ДООЕЛ Куманово и против Г.С., сопственик и управител на правното лице СТАРИ-ММ ДООЕЛ Куманово, поради постоење на основано сомнение дека првопријавениот С.Ј. во период од 2012-2015 година употребил фалсификувани фактури за наводно извршена набавка на стоки и услуги со вклучен ДДВ од второпријавениот М.М., третопријавената Е.М. и од четвртопријавениот Г.С., и истите ги евидентирал во своето сметководство и во даночните пријави во текот на 2012-2015 година, односно префрлил парични средства по основ на издадените фиктивни фактури на банкарските сметки на правните лица АСПИЛАКОПА ДООЕЛ Скопје, ЕСКАРИБУР ГОЛРД ДООЕЛ Куманово и СТАРИ-ММ ДООЕЛ Куманово, со што првопријавениот С.Ј. неосновано искористил право за враќање на ДДВ и ја намалил даночната осноа за пресметување на данок на добивка, односно вкупно затаил 13.385.223,00 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на РМ. Второпријавениот М.М., третопријавената Е.М. и четвртопријавениот Г.С. примените парични средства на банкарските сметки на правните лица АСПИЛАКОПА ДООЕЛ Скопје, ЕСКАРИБУР ГОЛРД ДООЕЛ Куманово и СТАРИ-ММ ДООЕЛ Куманово, наместо да ги искористат за набавка на стоки и услуги, истиот или наредниот ден второпријавениот М.М како овластено лице на банкарските сметки ги подигал во готово по основ за материјални трошоци и откуп на земјоделски производи, за кои немало економска оправданост и кои не се во функција на дејноста на правните субјекти за што второпријавениот М.М., третопријавената Е.М. и четвртопријавениот Г.С. не пресметале и не уплатиле персонален данок во вкупен износ од 5.283.880,00 денари, со што ги сториле кривичните дела Даночно затајување, Фалсификување или уништување на деловни книги и Помагање со Даночно затајување. Со горенаведените незаконски дејствија пријавените сториле кривични дела со кои е предизвикана штета на Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 18.669.103,00 денари.

2.Лицето Ф.В. во својство на управител на Друштво за производство, трговија и услуги МЕГА-ФО Фросина и Оливер ДОО увоз-извоз Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во периодот од 01.01.2012 година до 16.11.2018 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 6.656.500 денари неосновано ја присвоила и не ја евидентирала во своето сметководство како кусок, не извршила отпис на застарени побарувања од купувачи во изос од 4.746.718 денари и не ги прикажала како приходи застарените обврски кон добавувачи во износ од 8.894.175 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвила и не поднела Завршни сметки за 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Р. Макеоднија, при што пријавената Ф.В. не пресметала и не уплатила Данок на додадена вредност во износ од 1.198.170 денари и Данок на добивка во износ од 2.149.556 денари по основ на кусоци на трговски стоки, неоданочени застарени побарувања од купувачи и неприкажани приходи по основ на застарени обврски кон добавувачи со што за износ од 3.347.726,00 денари е оштетен Буџетот на Република Македонија.

3.Лицето Л.М.Ч. државјанин на Република Бугарија, во својство на управител и сопственик на Друштво за градежништво, трговија и услуги Крепост ДОО Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во текот на 2015 година од банкарските сметки на правниот субјект, префрлил парични срдства на име позајмици во вкупен износ од 10.255.000,00 денари на банкарската сметка на друго правно лице, и истите заклучно со 31.12.2015 година не се вратени на банкарската сметка на правното лице Крепост ДОО Скопје во тековната година, а согласно член 11 од Законот за Данок на добивка не ги прикажал и не ги пресметал како оданочливи расходи со што сторил Даночно затајување по основ на Данок на добивка за период од 2015 година во вкупен износ од 1.035.500,00 денари.

4.Лицето Е.М.С. директор на СУГС гимназија „Никола Карев“ – Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во периодот од 2012 до 2018 година ја злоупотребила својата службена положба и овластување, на начин што во 2012 година, спротивно на одредбите од Законот за корисетње и располагање со ствари во државна сопственост и Одлуката за давање под закуп на училишен простор во средните училишта на Градот Скопје од 04.02.2010 година, склучила три договори за закуп на училишен простор, за кои не издала фактури за закуп со што на правните лица им овозможила да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 2.04.125,00 денари, на кој начин го оштетила Буџетот на СУФС гимназија „Никола Карев“.

5.Лицето А.А. во својство на управител на Друштво за производство, трговија и услуги ТУНИМЕКС ДООЕЛ Скопје, поради постоење на основано сомнение дека во периодот од 01.01.2013 година до 14.12.2018 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набевната трговска стока евидентирана на залиха во вредност од 7.737.754 денари неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, не извршил отпис на застарени побарувања од купувачи во износ од 1.574.687 денари и не ги прикажал како приходи застарените обврски кон добавувачи во износ од 3.720.255 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Р. Макеоднија, при што пријавениот А.А. не пресметал и не уплатил Данок на додадена вредност во износ од 1.392.797 денари и Данок на добивка во износ од 1.442.542 денари по основ на кусоци на трговски стоки, неоданочени застарени побарувања од купувачите и неприкажани приходи по основ на застарени обврски кон добавувачи или за вкупно 2.835.346 денари го оштетил Буџетот на Република Македонија.