Финансиската полиција го демантира Зоран Азманов


Управата за финансиска полиција ја демантира изјавата на Зоран Азманов,  претседател на Надзорниот одбор на „Настел“, дека вработени во Управата им доставиле одредена службена документација на претставници на одредени медиуми.

– Финансиските полицајци при извршување на своите надлежности и активности постапуваат согласно Законот за кривичната постапка и Законот за финансиската полиција и со обезбедените предмети и документација постапуваат со висок степен на доверливост почитувајќи ги законските правила и прописи. Со оглед на горенаведеното, демантираме било каква вмешаност на вработени од Управата за финансиска полиција и доставувaње службена документација на лица надвор од Управата, се наведува во соопштението.