Филип Достовски: Владата да го дозволи канабисот за лек


Поддржувачите на граѓанското здружение „Зелена Алтернатива“ се собраа пред Основниот суд Скопје 1, за да му дадат поддршка на Филип Достовски, претседателот на организацијата, кому денес му се суди за поседување канабис.

„Зелена Алтернатива“ се залага за легализација на канабисот и за тоа секој да може да го произведува како лек за себе.

Достовски изјави дека не очекува фер судење, оти и досегашната постапка кон него не била фер. – Ништо не правевме скришно. Се беше јавно и транспарентно. Пред да ме уапсат, имав и закани од една фармацевтска компанија. Две години барам анализа на конопот што го најдоа кај мене. Анализа не добив, но добив обвинение – изјави тој.

Претставници на зелена алтернатива се вклучени во работната група за измени на законот. Организацијата организираше и низа трибини и гостувања на странски лекари кои ги објаснуваат медицинските придобивки од употребата на канабис кај одредени заболувања.

– Баравме и од претходната влада, бараме и од оваа да го дозволи канабисот за лек. Така ќе има и поголема контрола на неговата употреба каква што сега нема.Знема.За жал, канабисот не помага кај сите болести, но за среќа па никому не штети- рече Достовски.

 

С.С.З.