Филипче се брани, не соработувал со Тодоров


Новиот министер за здравство Венко Филипче на денешниот брифинг со новинарите изјави дека немал конкретна соработка со екс министерот Тодоров, како што објавуваа медиумите илустрирајќи го тоа со фотографија на која тој стои во негова непосредна близина. Филипче трди дека неговиот ангажман како советник на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров бил единствено поради неговата стручност.

– Тоа решение беше поради мојот ангажман на Клиниката за неврохирургија каде за првпат етаблиравме метода која ја нема во регионот. Во оваа прилика би сакал да им порачам на младите лекари својата стручна работа вникогаш да не ја поврзуваат со партија или политика, стручната работа е ангажман за пациентите и подобрување на сервисот и услугата која ние ја даваме, рече Филипче.

За критиките околу неговото учество во Контрапленумот, односно тврдењата дека не знаел што потпишува, Филипче вели дека станува збор за недоразбирање и дека тој секогаш поддржувал демократски процеси и реформи.