Уште три оставки во ДИК


Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца и членовите Субхи Јакупи и Атанас Урумов поднесоа оставки на функциите. Со тоа, Државната изборна комисија остана без шест од деветте члена по избувнувањето на скандалот со бонусите за последните избори.

Јакупи од ДУИ најавува дека парите од бонусот ќе ги врати во државната каса, а слично најавуваат и Прекопуца и Урумов. Неговите оставки следуваат откако вчера од функцииите решија да заминат претседателот на ДИК, Александар Чичаковски и членовите од СДСМ, Виолета Дума и Игор Милев.

Јакупи е меѓу членовите со најдолг стаж во ДИК досега. Почнувајќи уште од 2006 година, во неколку наврати беше избиран за член на ДИК, а долго време беше и потпретседател на Комисијата.

Другите три членови на ДИК, Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ, како и Ермира Салија од Беса и засега не даваат оставка.