Уште еден учесник во „крвавиот четврток“ призна вина


Уште еден учесник во упадот во Собранието на 27 април, признал вина и е осуден на затворска казна од две години и десет месеци. Пресудата била објавена вчера, а Петре Жежовски кој признал дека упаднал во законодавниот дом на „крвавиот четврток“ се товари дека влегол во собранието го нападнал телохранителот на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги давел со раце дел од членовите на собраниското обезбедување и напаѓал пратенци.

Жежовски трет по ред призна вина за насилството во Собранието, откако претходно истото го направија и Васко Цунгаревски и Димитар Поповски. Цунгаревски беше осуден на казна затвор од една година и три месеци, а Поповски беше осиден на условна казна и му беше препорачано задолжително психијатриско лекување.

И на судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села, двајца од обвинетите признаат вина. По дополнителниот доказ на обвинителството беше утврдена дека тие не го нападнале Села, но напашале други пратеници во Собранието. И тие добија затворски казни. Судењето за крвавиот четврток, случај за кој се обвинети триесетина лица е закажано за на 22 август, а случајот ќе го води судијката Добрила Кацарска.

Од обвинителството засега не соопштуваат дали е утврдено кој стои зад овој напад односно кој е нарачетелот и организатрот. Оттаму единствено соопштуваат дека Обвинителството продолжува со предистражни дејствија со цел целосно расветлување на настаните од 27 април и дека други детали не можат да соопштат.