Уште еден осомничен се пријавил во судот


Уште еден од осомничените за настаните во парламентот на 27 април, од осуммина недостапни, сам се пријавил на истражните органи и вечерва треба да биде сослушан во Кривичниот суд, јави Телма.
Судија на претходна постапка ќе одлучи дали ќе определи притвор, како што бараше обвинителството за сите 36 лица што се осомничени досега, од кои шестмина се пратеници.