Уште два случаи на морбили


Уште две лица заболени од морбили, а за други два се чека потврда.

Станува збор за 18-месечно дете од општина Чаир и за четиригодишно дете од општина Аеродром кои биле невакцинирани. Тие се пренесени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека со овие два случаи вкупниот број на заболени со морбили изнесува 19.

Од заболените, 11 биле пренесени на Клиниката за инфективни болести, од кои четири се пуштени на домашно лекување. Потенцира дека за едно лице на возраст од 30 години кое е вакцинирано со една доза вакцина и за уште едно лице на возраст од 28 години кое има непознат вакцинален сататус се чека поврда од крвните анализи.

-Досега се вакцинирани 1.300 деца, рече Филипче и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата за да се спречи епидемијата на морбили.