Утре увид на штетите од денешното невреме во Ресенско


Денешниот пороен дожд и врнежите град во Ресенско предизвикале најголеми штети врз земјоделските посеви во селото Јанковец, како и во делови од селата Златари и Сопотско,  соопшти Министерството за земјоделство.

Претставници на Министерството и на локалните власти утре ќе направат увид на терен, а проценките ќе ги врши Комисијата формирана во мај од Општина Ресен. Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран утре во зависност од настанатите штети и површината што е опфатена.

По завршување на проценката, ќе следува постапка за обесштетување.