Утре средба Заев-Мицкоски?


Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  ја напушти лидерската средба негодувајќи за форматот,  поточно затоа што се поканети сите парламентарни партии, партиски извори јавуваат дека можно е утре премиерот Зоран Заев да го покани на тет а тет средба. Мицкоски замина од Клубот на пратеници и во знак на револт и поради, како што рече, девијантното однесување на владејачките партии во врска со предложените измени на Изборниот законик со кои мнозинството за избор на ДИК би се спуштило од 80 на 61 глас.