Усвоено барањето за притвор на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ


Комисијата за деловнички и мандантно – имунитетни прашања предлага Собранието на Република Македонија да им го одземе имунутитот на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ заради нивното учество во насилните настани во Собранието на 27 зприл.

Комисијата поединечно се изјаснуваше за секој од пратениците.

Единствено пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, имаше кусо излагање пред колегите, оценувајќи дека настаните од 27 април беа напад врз демократијата и уставниот поредок на земјата и обид за загорузвање не животот на пратениците. Институциите на ситемот, според него, имаат должност да го расчистат овој случај за никогаш повеќе да не се повтори.

На седницата беа присутни пратениците од владеачкото мнозинство, додека нивните колеги од опозицијата не се појавија во салата „Борис Трајковски“ во Собранието.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вчера на Собранието ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје I Скопје.

Комисијата е должна во рок од два дена да го достави извештајот до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето. За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство. По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.

Пратениците се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

 

фото:Б.Грданоски