Унгарска карикатура за Груевски: Крадев, ќе ме земете ли?


Колку се среќни Унгарците што Груевски им е на гости покажа тамошниот портал ХВГ кој објави  карикатура  во која стои:

Груевски: Како премиер крадев, злоупотребував и лажев. Сега ме гонат во мојата земја. Ќе ме земеш ли кај тебе?

Орбан: Ние сме расположени секогаш да му покажеме добредојде на некој што ја дели нашата култура.

Европратеникот Кнут Флекенштајн,пак, не може да замисли дека унгарската Влада ќе му додели политички азил на поранешниот премиер Никола Груевски, кој побегна од издржување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“

„Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му гарантира азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Тој може да биде сигурен само за процесот што е во тек во Скопје. Како второ, отсекогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на зил во неговата земја“, прокоментира европратеникот Кнут Фленкештајн  на Твитер.