Унгарија го поздрави потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО


Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти денеска унгарската амбасада во Скопје.

– Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина, се наведува во соопштението.

Унгарската Влада се надева дека со брзата ратификација на Протоколот од страна на земјите-членки на НАТО, Република Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса, се додава во соопштението на унгарската амбасада во Скопје.