Укинат куќниот притвор и на пратеникот Љубен Арнаудов


Апелацискиот суд донесе одлука и ја прифати гаранцијата на пратеникот Љубен Арнаудов кој е обвинет за упадот што се случи во Собрание на 27 април.
Од Апелација потврдуваат дека по одржаната јавна седница донеле одлука да ја прифатат гаранцијата од 300.000 евра што ја понудил Арнаудов за да се брани од слобода.
Претходно кривичниот совет му го укина притворот и на Сашо Василевски кој исто така понуди гаранција за слобода.