Трагедија во Велес, три деца изгореа во пожар


Попладнево околу 17 часот во периферијата на Велес се случило страшна трагедија. Како што потврдуваат од МВР за „Независен Весник“ пожарот се случил на  улица „Даре Џамбаз“ каде што настрадале три дечиња на една, две и петгодишна возраст.

Kуќата во која се случил пожарот се наоѓа на непристапен терен во Велес.  Најверојатно се работи за социјално загрозено семејство кое во импровизираното живеалиште било околу 2 години.

Tрагедијата се случила  додека родителите излегле  да пазаруваат во продавница a децата биле сами и заклучени  во куќата. Пожарот го забележале соседите кои се одалечени на околу 100 метри од куќата во која избил пожарот.

Причината за пожарот се уште е непозната.