Убедливо водство на Ердоган со преброени 20 проценти од гласовите
Првичните резултати од турските претседателски избори покажуваат убедливо водство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, со 59,9 проценти од гласовите, пред Мухарем Инџе со 25,8 проценти.
Досега се преброени малку под 20 проценети од гласовите. Турската Изборна комисија првин ќе ги преброи гласовите од претседателските избори, по што ќе се бројат гласовите од парламентарните избори.
Кандидатот на Републиканската партија Инџе се надева дека ќе успее да го натера Ердоган на втор круг на избори, во кој би се обидел да ги обедини сите партии кои се против турскиот претседател.