Туск ѝ го честиташе на Македонија усвојувањето на уставните измени на македонски јазик


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и го честиташе на Македонија усвојувањето уставни промени, порачувајќи дека Македонија со таа одлука е чекор поблизу до евроатлантската заедница.

– Еден глас, еден голем чекор поблизу до заземање на местото кои ви припаѓа во нашата трансатлантска заедница – напиша Туск на Твитер на македонски јазик.

Собранието синоќа со 80 гласови за изгласа одлука за пристапување кон уставни измени во согласност со Договорот од Преспа.