Три лица од куќен привор испратени во затворот во Шутка


Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1, синоќа ги прифатил жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење на кривични дела од областа на организираниот криминал и за тројца осомничени за насилствата во Собранието на 27 април годинава, за кои беше определен куќен притвор одлучил да го преиначи решението и да ги испрати во Истражниот затвор Скопје.

Кривичниот совет денеска ќе одлучува по жалбите и за другите обвинети за кои Обивинителството бара притвор, а не куќен притвор, како и за жалбите на дел од притворените во затворот во Шутка кои бараат до одат во домашен притвор.

Вчера беше определен притвор и за три лица кои беа подоцна приведени или сами се пријавиле, а се дел од групата од 36 осомничени за настаните од 27 април во Собранието.

Меѓу осомничените кои обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија, се и шестмина пратеници за кои исто така е побаран притвор. За одземање на нивниот имунитет денеска треба да решава Собранието на пленарна седница